Индексот на Московската берза се искачи на повеќе од 3.000 поени пред средбата меѓу Трамп и Путин

Индексот на Московската берза (MOEX) денес се искачи на повеќе од 3.000 поени пред вечервашната средба меѓу американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, во Алјаска.

Според податоците од берзата, вредноста на индексот достигна 3.000,03 поени во 12:30 часот, за прв пат од 28 април, објавува Комерсант.

После тоа, индексот осцилираше околу споменатата граница, а неговата вредност во 13:48 часот изнесуваше 2.998, 53 поени.