Индија бара од Русија да и продава нафта за помалку од 70 долари за барел

102

Индија се обидува да добие поголем попуст на нафтата од Русија, додека другите купувачи се оддалечуваат од купување руска нафта.

Според Блумберг од доверливи извори, Индија се обидува да обезбеди цената на руската нафта за неа да биде помала од 70 долари за барел. Според изворите, преговорите се водат на високо ниво.

Јавните и приватните рафинерии во Индија купиле повеќе од 40 милиони барели сурова нафта од Русија од почетокот на инвазијата на Украина. Тоа е дури 20 отсто повеќе од вкупната сума што Индија ја купи од Русија во 2021 година.

Индија, која увезува повеќе од 85 отсто од потребите за нафта, е една од ретките преостанати земји што купува руска сурова нафта. Повлекувањето на европските купувачи ја стави руската нафтена индустрија под голем притисок. Официјалните државни проценки се дека производството на нафта во Русија годинава ќе падне за 17 отсто.