Индија: Бесплатно училиште под мост за деца од ранливите категории

27

vaРаџеш Кумар Шарма, маж од Индија кој и самиот не го завршил високото образование поради недостаток на финансиски средства, подучува деца од сиромашни фамилии на еден неконвенционален начин и уште понеобично место. Шарма инаку работи во продавница со полно работно време и кога е слободен се посветува на својата добра мисија, пишува Inhabitots.

Тој предава на група од околу 200 студенти во импровизирано училиште под мост во Њу Делхи. Бучавата од возовите и општата раздвиженост во еден од најгусто населените градови во светот дополнително ја отежнува работата.

oooo

Децата седат на черги наместо во клупи и пишуваат на импровизирани црни табли направени на ѕидовите. На Шарма му помагаат и уште неколку други учители за децата да го добијат основното образование и да научат по некоја вештина. Учениците одат во две смени, а училиштето работи од девет до два часот попладне. Предметите вклучуваат хинду (читање и пишување), англиски, математика, наука и географија.