Индија го ограничи извозот на шеќер до октомври 2023 година

79

Индија го продолжи лимитот за извоз на шеќер за уште една година, до октомври следната година, соопшти владата на земјата, но се очекува најголемиот светски производител на засладувач да ја прилагоди квотата за овогодинешната продажба во странство.

Индија, најголемиот потрошувач на шеќер во светот, веќе го забрани извозот до крајот на октомври за да го потисне растот на домашните цени, по рекордниот извоз, пренесува Мина.

„Ова известување само ја продолжува владината политика за ограничување на извозот на шеќер, но оваа одлука не значи дека владата повеќе нема да дозволи извоз на шеќер за 2022/23 година“, изјави за Ројтерс Пракаш Најкнавер, генерален директор на Националната федерација на кооперативни фабрики за шеќер.

Извозната квота за оваа сезона би можела да биде издадена следната недела, велат трговски и владини извори.

Според Здружението за мелници за шеќер во Индија, Индија би можела да извезе до девет милиони тони шеќер во сезоната 2022/23.