
Индија и САД ќе ја удвојат билатералната трговија до 2030 година на 500 милијарди долари, изјави индискиот премиер Нарендра Моди на заедничката прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп.
Трамп го поздрави неодамнешниот потег на Индија да ги намали тарифите за избраниот увоз и рече дека ќе започне разговори за трговските разлики и се надева дека ќе постигне договор, објави CNBC. Говорејќи на крајот од средбата на двајцата лидери во Вашингтон, Моди исто така рече дека „нашите тимови ќе работат на склучување на многу експедитивен, заемно корисен трговски договор“.
Моди најави поголема соработка со САД во областа на воената индустрија, како и во развојот на полупроводници, квантната технологија и вештачката интелигенција, пренесува Њујорк Тајмс.
САД ќе ја зголемат својата воена продажба во Индија почнувајќи од оваа година и на крајот ќе му обезбедат борбени авиони Ф-35 на азискиот сојузник, рече Трамп на брифинг, во обид да се спротивстави на, како што рече, „заканата од радикалниот исламски тероризам“, пренесува Танјуг.
Неколку часа пред средбата со Моди, Трамп потпиша план за воведување реципрочни царини за странски земји, вклучително и Индија. Соединетите држави едноставно би можеле да ги наметнат истите царини што ги наплаќа Индија, рече Трамп, додека трговскиот дефицит со Индија може да се реши со продажба на повеќе американска нафта и гас.