Индија ќе го урива светскиот рекорд во садење дрва

23

rural-forestИндиската сојузна држава Утар Прадеш ќе се обиде да го сруши рекордот во садење на дрва за 24 часа, пишува Inhabitat.

Како дел од заедничката за борба против климатските промени на глобално ниво, властите на најнаселената држава во Индија ќе се обидат да го срушат претходниот рекорд што беше поставен од страна на Пакистан во 2013 година, кога беа засадени 847.275 стебла во еден ден.

Планот е да се засадат дури 50 милиони дрва за 24 часа, а за остварување на целта ќе помогнат 800.000 луѓе од целата земја кои ќе садат стебла покрај патишта, железнички пруги и шуми. Индиската влада одвои 6,2 милијарди долари за проектот и ги повикува сите 29 сојузни држави да спроведат слични акции како Утар Прадеш.

Соред статистичките податоци на Индија за 2013 година, 5,96% од оваа сојузна држава е пошумено подрачје, а  21,23% од земјиштето во целата земја отпаѓа на шуми. Целта на владата е тој процент да се зголеми на 33%.