
Индија купила дијаманти од Русија за рекордни 215 милиони долари во август, според анализата на податоците на индиското Министерство за трговија и индустрија.
Така, Индија на крајот на летото го зголеми увозот на руски дијаманти четири пати месечно и за девет отсто на годишно ниво на 215,1 милиони долари, пренесува „РИА Новости“.
Ова стана најголемото месечно купување од март 2018 година, кога Индија купи скапоцени камења во вредност од 481 милион долари.
Севкупно, од почетокот на годината индиските компании од Русија купиле дијаманти во вредност од 863 милиони долари, што е за 29 отсто повеќе од лани.











