Индија најави можност за извоз на пченица, но само во загрозените земји

19

Индија најави дека ќе ја остави отворена можноста за извоз на пченица во земјите загрозени од недостиг на храна, и покрај претходно објавената забрана.

Индискиот министер за трговија Б.В.Р. Субрахманјан рече дека администрацијата ќе им дозволи на приватните компании да ги исполнат претходните обврски за извоз на речиси 4,3 милиони тони пченица до јули.

До април, земјата извезе милион тони жито, главно во соседните Бангладеш, Непал и Шри Ланка.

Индискиот директорат за надворешна трговија претходно соопшти дека извозот на пченица е забранет и дека мерката ќе стапи на сила веднаш. Во соопштението се прецизира дека растот на цените на житото на глобално ниво ја загрозува безбедноста кога станува збор за храната во Индија и соседните земји.

Од почетокот на годината, цените на житото на глобално ниво се зголемија за повеќе од 40 години. Жетвата во Индија е загрозена од бран рекордно високи температури.

Индија е втор најголем производител на пченица во светот, но најголемиот дел од неа го троши за свои потреби.