
Индија очекува рекорден раст на производството и извозот на шеќер во следната година, која започнува во октомври, бидејќи милиони земјоделци го зголемија одгледувањето шеќерна трска, поттикнато од обилните резерви на вода по монсунските дождови.
Оваа земја е втор најголем светски производител на шеќер и би можела, по две години ограничувања на извозот поради суши, да го зголеми извозот во сезоната 2025/26 на светските пазари и со тоа да ја намали цената на оваа стока, пренесува Ројтерс.
„Минатата година не можевме да засадиме шеќерна трска бидејќи немаше вода за наводнување. Оваа година имаме доволно вода, врнежите беа добри“, рече индискиот фармер Амар Чаван, кој засади шеќерна трска на 2,4 хектари во областа Солапур.
Фото: Pixabay











