Индија отвори прва јавнa банка за жени

38

Bharatiya-Mahila-BankИндискиот премиер Манмохан Синг ја отвори вчера првата јавна банка наменета за жени, која би требало да ја зајакне нивната финансиска сигурност по серијата брутални сексуални злосторства кои ја потресоа земјата. Индиската банка за жени (Bharatiya Mahila Bank), отворена на југот на Мумбаи, ќе вработува жени и на жените ќе им одобрува кредити, но сметки ќе можат да отвораат и мажи.

“Тажна е реалноста дека жените во Индија се дискриминирани во домот, на училиште, на работа и на јавните места. Нивната општествена, политичка и економска еманципацијата е далечна цел”, изјавил премиерот Синг и додава дека само 26% од жените во Индија имаат банкарска сметка. Затоа основањето на Bharatiya Mahila Bank е мал чекор кон целта.

Банката до март 2014 година ќе отвори 25 експозитури, а за седум години планира бројката да порасне на 771.