
Индија планира да создаде сопствена вселенска станица до 2035 година и да испрати свој астронаут на Месечината до 2040 година, изјави индискиот премиер Нарендра Моди на состанокот на кој се изложени плановите на земјата за истражување на вселената, соопшти неговиот кабинет.
Моди рече дека врз основа на успехот на индиските вселенски иницијативи, вклучително и неодамнешните мисии Chandrayaan-3 и Aditya L1, земјата сега мора да продолжи со нови и амбициозни цели, вклучително и формирање индиска вселенска станица до 2035 година и испраќање на првиот Индиец во вселената до 2040 година, пренесува Независне новине.
Во соопштението се наведува дека премиерот исто така ги охрабрил индиските научници да работат на меѓупланетарни мисии кои би вклучиле орбитер за Венера и лендер за Марс.
За време на состанокот, индиската вселенска администрација даде сеопфатен преглед на мисијата Гагањаан со екипаж.
– Учесниците на состанокот ја оценија подготвеноста на мисијата, потврдувајќи го нејзиното започнување во 2025 година – соопштија од кабинетот на премиерот.
Во декември 2018 година, индискиот премиер Нарендра Моди ја одобри мисијата наречена „Гаганџаан“ да испрати национален екипаж во орбитата независно.
Леталото со екипаж го развива Индиската организација за вселенско истражување.
Уредот има маса од 8,2 тони, од кои 5,3 тони е капсулата погодна за живеење, наведува „РТВ“. Тој е дизајниран за екипаж од тројца и е потенцијално способен да се приклучи на орбитална станица.
Уредот ќе може да работи во орбитата на надморска височина од 400 километри најмалку три дена.











