Индија за една деценија би била трета најголема светска економија

17

Индија би требало да ја надмине Јапонија како трета најголема светска економија зад САД и Кина до 2031-ва година, покажуваат податоците на Bank of America.

Одделот за инвестиционо банкарство претходно предвидуваше дека тоа ќе се случи во 2028 година, но сега навеле дека економскиот шок од пандемијата ќе ја промени временската рамка за три години.

“Сега очекуваме дека Индија ќе се појави како трета најголема економија во светот во 2031 година, наместо во 2028 година, поради пандемијата“, покажуваат податоците.

Индија би требало да го достигне јапонскиот номинален бруто домашен производ во долари до 2031-ва година ако расте 9% годишно, под претпоставка на реален раст на БДП од околу 6% со просечна стапка на инфлација од 5% и депресијација од 2%.

Доколку растот достигне 10%, тогаш Индија до 2030 година би можела потенцијално да ја надмине Јапонија.

Индија ја надмина економската криза поради минатогодишното затворање што беше воведено за да се спречи ширење на пандемијата, а изгубени се и милиони работни места.

Фото: Pexels