Индискиот хотелски ланец Oyo се шири во Европа

46

Oyo, брзорастечкиот ланец на хотели од Индија, доаѓа на европскиот континент откако ја купи холандската компанија за изнајмување на хотелски имот @Leisure, за 415 милиони долари.

Хотелскиот ланец е основан во 2013 година од страна на Ритеш Агарвал, кој тогаш имаше само 19 години и за кратко време се прошири благодарение на технолошки-ориентиран модел на франшиза, фокусирајќи се главно на мали буџетски хотели. Oyo поседува 636.000 хотелски соби во 24 земји.

Според Агарвал аквизицијата на @Leisure ќе придонесе за поголемо присуство на хотелскиот ланец во краткорочното изнајмување на хотелски имот што е значаен дел од нивниот бизнис, пишува Skift

Во септември SoftBank инвестираше една милијарда долари во Oyo којшто беше проценет на пет милијарди долари, а минатиот месец Airbnb вложи повеќе од 100 милиони долари.

@Leisure управува со 30.000 куќи за одмор во 13 европски земји и има уште 85.000 на својата онлајн платформа за резервации.

Фото: Facebook