
Компанијата Inditex, сопственик на Zara, Bershka и Pull & Bear, доби одобрение да ја напушти Русија. Одлуката доаѓа една година откако компанијата ги прекина сите операции во земјата.
Inditex, кој има 514 продавници во Русија, конечно доби одобрение од оваа земја да го продаде својот бизнис во таа земја, а интересно е што според бројот на продавници, рускиот пазар беше на второ место по оваа голема светска компанија.
Работењето на оваа текстилна компанија ќе го преземе Daher Group од Обединетите Арапски Емирати. Русија ја одобри продажбата на крајот на март, а одлуката беше потврдена и на државната телевизија.
Тоа се случи пет месеци откако Inditex објави дека постигнал прелиминарен договор со Daher Group. Од 514 продавници, Саудијците преземаат 245, додека останатите ќе бидат затворени.
Договорената сума не е откриена, а допрва ќе следи купувањето на продавниците, па веројатно деталите ќе се знаат подоцна, но она што се знае е дека одобрението на Русија значи продажба за најмалку 50 отсто пониска цена со „ доброволен придонес“ за Русија.
Главната причина за продажбата е зачувување на работните места. Во компанијата моментално работат 4.200 луѓе, а новиот сопственик ветил дека ќе ги задржи.
Новите продавници ќе ги отворат вратите за клиентите до крајот на пролетта под неколку различни брендови.
Фото: Facebook











