Индустријата губи работна сила: Бројот на работници во мај намален за 2,6%

Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на работниците во индустријата е намален за 2.6 % во мај 2026 во однос на мај 2025 година

Бројот на работниците во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 7.3 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.5 %, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, се намалил во групите Енергија за 1.6 %, Капитални производи за 2.6 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.7 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.6 %. Бројот на работниците во периодот јануари – мај 2026 во однос на периодот  јануари – мај 2025 година се намалил за 3.0 %.

Бројот на работниците во индустријата во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година:

е намален за

  •  7.3 % во рударството и вадењето камен
  •  2.5 % во преработувачката индустрија

а зголемен за

  • 1.0 % во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација