
Бројот на работниците во индустријата е намален за 3.8% во јули 2025 во однос на јули 2024 година, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил за 2.4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1.9 %, Капитални производи за 8.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.8 %, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 9.6 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.3 %.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, се намалил за 4.0 %.
Бројот на работниците во индустријата во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил за:
2.4 % кај рударство и вадење на камен
4.0 % кај преработувачка индустрија
0.5 % кај снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.











