Индустријата на Австрија прогласи економски крај на пандемијата

37

Здружението на индустријалци во Австрија, од економски агол, прогласија крај на пандемијата.

Во тековниот трет квартал, економијата повторно ќе се врати на ниво од пред кризата. Но, според експертите, тоа може да го забави недостигот на стручна работна сила и неприменување на планираните инфраструктурни проекти.

Здружението очекува оваа година, растот да биде меѓу 3,5 и 4%, пренесува Танјуг.

“Светската економија се наоѓа во фаза на бум со вообичаени дополнителни ефекти, како позитивни, така и негативни“, смета Кристоф Нојмаер, генерален секретар на Здружението.

Фото: Pexels