
Државниот завод за статистика објави дека прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 0.6 % во март 2026 година во однос на март 2025 година
Прометот во индустријата, вкупно, во март 2026 година во однос на март 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.3 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 3.2 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.8 %.
Промет во индустријата со раст на месечно, но пад на квартално ниво
Во март 2026 година, прометот во индустријата, вкупно, во однос на февруари 2026 година, бележи пораст од 7.9 %, додека во периодот јануари – март 2026 година, во однос на периодот јануари – март 2025 година, бележи опаѓање од 2.2 %.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во март 2026 година, во однос на март 2025 година, бележи пораст од 7.3 %, додека во периодот јануари – март 2026 година, во однос на периодот јануари – март 2025 година, бележи пораст од 1.1 %.
Прометот во индустријата на странските пазари во март 2026 година, во однос на март 2025 година, бележи опaѓање од 1.3 %, додека во периодот јануари – март 2026 година, во однос на периодот јануари – март 2025 година, бележи опаѓање од 3.1 %.
Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во март 2026 година, во однос на март 2025 година, имаат одделите:
- Производство на прехранбени производи со 1.3 %
- Производство на други неметални минерални производи со 13.8 %
- Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 12.6 %











