Индустријата за обновлива енергија вработува 11 милиони луѓе ширум светот

42

Според извештајот од интернеционалната агенција за обновлива енергија IRENA во индустријата за обновлива енергија во 2018 година биле вработени вупно 10,98 милиони луѓе. Ова е за 6,6% повеќе споредено со бројката од 2017 којашто изнесуваше 10,3 милиони.

Hајмногу вработени во овој сектор има во Кина, Бразил, САД, Индија и во некои од земјите членки во ЕУ.

Повеќе од половина од вработените 60% се во Азиските земји. Кина вработува 4,07 милиони луѓе во оваа индустрија и е на прво место според вработеност. Втори се земјите од ЕУ со 1,23 милиони вработени, Бразил е трет со 1,12 милиони вработени во 2018 година.

Жените моментално се присутни со 32% во овој сектор, што е повеќе од нивната вклученост во глобалната индустрија за нафта и гас – 22%.

Најмногу се вработени во индустријата со сончеви панели  или PV, на којашто отпаѓа една третина од вкупната вработеност во индустријата за обновливи извори. По неа следи секторот со биогориво каде се вработени 2,1 милиони луѓе. Во индустриската гранка ветерна енергија во 2018 имало 1,2 милиони работници, а ист е бројот и во индустријата за хидроенергија од кои три четвртини работат во одделот за операции и одржување.

Фото:Pexels