
Европската соларна индустрија предупреди на „несигурна“ ситуација за европските производители на соларни фотонапонски уреди, бидејќи цените на соларната енергија паднаа на рекордно ниско ниво.
Индустриската трговска групација SolarPower Europe во писмо до Европската комисија соопшти дека европските компании се изложени на ризик од банкрот, што според неа ќе ѝ наштети на целта на ЕУ за снабдување со 30 GW електрична енергија од соларни фотоволтаични системи, пренесува Ројтерс.
Цените на фотоволтаичните модули паднаа за повеќе од една четвртина од почетокот на годината. „Ова создава конкретни ризици за компаниите да влезат во несолвентност, бидејќи нивните значајни акции ќе мора да бидат девалвирани“, посочува во писмото SolarPower Europe.
Силната побарувачка, во комбинација со големите инвестиции и жестоката конкуренција меѓу кинеските добавувачи, доведе до прекумерен капацитет на пазарот и пад на цените.
SolarPower Europe ја повика Европската комисија да ги откупи залихите на соларни модули од европските компании, да формира соларна банка ширум ЕУ и да ја зголеми побарувачката за соларни панели во Европа.