
Според податоците на Државниот завод за статистика прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 0.8 % во мај 2026 година во однос на мај 2025 година
Прометот во индустријата, вкупно, во мај 2026 година во однос на мај 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Капитални производи за 5.3 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.7 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.5 %.
Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, прометот во индустријата, вкупно,бележи опаѓање од 0.6 %, додека во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на периодот јануари – мај 2025 година, бележи пораст од 0.3 %. Прометот во индустријата на домашниот пазар во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, бележи опаѓање од 1.8 %, додека во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на периодот јануари – мај 2025 година, бележи пораст од 1.2 %.
На странските пазари во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, бележи пораст од 1.8 %, додека во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на периодот јануари – мај 2025 година, бележи пораст од 0.2 %.
Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, имаат одделите:
- Производство на други неметални минерални производи со 5.1%
- Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема со 1.5%
- Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 18.8%
- Фото: gemini











