Индустрискиот сектор бележи пораст од 7,6 % на годишно ниво

Според податоците на Државниот завод за статистика индустриското производство во април 2026 година е зголемено за 7.6 % во однос на април 2025 година

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во април
2026 година, во однос на април 2025 година, бележи пораст од 4.3 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 22.6 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели:

– Производство на прехранбени производи,
– Производство на пијалаци,
– Производство на тутунски производи,
– Производство на хемикалии и хемиски производи,
– Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
– Производство на други неметални минерални производи,
– Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и
– Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место.

Според главните индустриски групи, производството во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи пораст кај Енергија за 17.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 14.1 %, Капитални производи за 1.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.5 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 4.9 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – април 2026 година, во однос на периодот јануари – април 2025 година, изнесува 100.2.

Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во април 2026 година, во однос на април 2025 година, има зголемувањето на производството во одделите:

  • Производство на прехранбени производи со 3.6 %
  • Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 7.5 %
  • Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 22.6 %