Индустриските цени во декември со пораст од 0,5% на месечно и 4,1% на годишно ниво

Државниот завод за статистика денеска објави дека продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во декември 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.5 %

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во декември 2025 во однос на претходниот месец, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 0.4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.5 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има намалување од 0.2 %, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат непроменети.

Во декември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 4.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 3.9 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7.7 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 6.9 %.

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во декември 2025 година се зголемени:

  • за 0.5 % во однос на претходниот месец
  • за 4.1 % во однос на истиот месец од претходната година