
Според податоците на Државниот завод за статистика продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во мај 2026 година се зголемени за 1.0 % во однос на претходниот месец
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во мај 2026 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во групите Енергија за 0.7 %, Интермедијарни производи, освен енергија 2.2 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.4 %.
Во мај 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 4.7 %. Цените во овој период се зголемени во групите Енергија за 10.2%,Интермедијарни производи, освен енергија 1.8 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 4.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.7 %.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во мај 2026 година се зголемени за:
- 1.0 % во однос на претходниот месец
- 4.7 % во однос на истиот месец од претходната година











