Индустриското производство на Јапонија под очекувањата на аналитичарите

Индустриското производство на Јапонија во април забележа пораст под очекувањата на аналитичарите, пренесуваат светските медиуми.

Индустриското производство во третата по големина светска економија во април се зголеми за 2,5% во однос на претходниот месец, објави јапонската влада.

Зголемувањето било поголемо од она во март, кога индустриското производство беше зголемено за 1,7% во однос на февруари оваа година.

Постигнатите резултати се под очекувањата, меѓу другото, поради недостигот на чипови што создава проблеми во повеќе индустрии, меѓу кои една од најзагрозените е автомобилската.

Фото: Pexels