
Индустриското производство во август 2025 година е намалено за 3.5 % во однос на август 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи пораст од 7.0 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 26.8 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели:
– Производство на прехранбени производи,
– Производство на текстил,
– Печатење и продукција на снимени медиуми (записи),
– Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати
– Производство на метали
– Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема
– Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и
– Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 23.7 %, Капитални производи за 12.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 9.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.7 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14.8 %.
Индустриското производство во периодот јануари – август 2025 година е зголемено за 2.2 % во однос на периодот јануари – август 2024 година.
Главни поенти
Најголемо влијание врз опаѓањето на индустриското производство во август 2025 година, во однос на август 2024 година, имаат одделите:
- Производство на прехранбени производи со 6.1 %
- Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 19.3 %
- Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 26.8 %
- Фото: Pexels