
Сезонски прилагоденото индустриско производство во еврозоната, според првата прелиминарна проценка, во јануари се зголемило месечно за 0,8 отсто, додека на годишно ниво остана непроменето, објави Евростат.
Во Европската унија, индустриското производство во јануари се зголемило за 0,3 отсто на месечно ниво, додека на годишно ниво е намалено за 0,2 отсто.
На месечно ниво, производството на интермедијарни производи во Европската унија е зголемено за 1,5 отсто во однос на декември, исто како и производството на капитални производи за 0,1 отсто, додека производството на енергија е намалено за два отсто, трајните производи за широка потрошувачка за 0,3 отсто и нетрајните производи за широка потрошувачка за 4,1 отсто.











