Индустриското производство во еврозоната во мај падна за 2,9 отсто

31

Според првата прелиминарна проценка, индустриското производство во еврозоната во мај паднало за 2,9 отсто на годишно ниво и за 0,6 отсто во однос на април, објави денеска Евростат.

Во Европската унија индустриското производство во мај падна за 2,5 отсто на годишно ниво и за 0,8 отсто на месечно ниво.

На годишно ниво, производството на интермедијарни производи во Европската унија во мај е намалено за 3,1 отсто на годишно ниво, како и производството на капитални производи за 6,3 отсто и на трајни производи за широка потрошувачка за 4,1 отсто, додека производството на енергија зголемен за 1,2 отсто, а нетрајни производи за широка потрошувачка 3,3 отсто, пренесува Танјуг.

Најголем годишен раст на индустриското производство меѓу членките на Европската унија е забележан во Данска и изнесува 9,6 отсто, Ирска 8,7 отсто и Грција 6,8 отсто, а најголем пад во Романија 6,9 отсто, Германија 6,6 отсто и Бугарија 6, 3 отсто.

Најголем месечен раст на производството е забележан во Ирска 6,7 отсто, Луксембург 3,9 отсто и Естонија 3,8 отсто, а најголем месечен пад има Словенија 7,3 отсто, Романија 6,2 отсто и Данска 4,9 отсто.