Индустриското производство во еврозоната во септември падна за 2,8 отсто на годишно ниво

84

Според првата прелиминарна проценка, сезонски прилагоденото индустриско производство во еврозоната во септември падна за 2,8 отсто на годишно ниво и за два отсто во однос на август, објави денеска Евростат.

Во Европската унија индустриското производство во септември падна за 2,4 отсто на годишно ниво и за два отсто на месечно ниво.

На годишно ниво, производството на интермедијарни производи во Европската унија во септември падна за 2,5 отсто на годишно ниво, како и производството на капитални производи за 5,6 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 1,5 отсто, додека производството на енергија зголемен за 1,4 отсто, а нетрајни производи за широка потрошувачка 4,5 отсто.