Индустриското производство во февруари со пад од 4,2%

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика индустриското производство во февруари 2026 година е намалено за 4.2 % во однос на февруари 2025 година.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во февруари
2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи опаѓање од 9.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 17.2 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели:

– Производство на тутунски производи,
– Производство на текстил,
– Производство на облека,
– Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
– Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
– Производство на метали,
– Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема,
– Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и
– Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи опаѓање кај Енергија за 19.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 12.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.9 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2 % и Капитални производи за
2.1 %.

Најголемо влијание врз падот на индустриското производство во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, има намалувањето на производството во одделите: 

•    Производство на облека со 5.4 %
•    Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 13.5 %
•    Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 17.2 %