Индустриското производство во првото полугодие со раст од 2,5 отсто

19

Индустриското производство во првите шест месеци годинава, во однос на истиот период лани е зголемено за 2.5 проценти.

Во јуни 2022, пак, во споредба со јуни минатата година растот на индустриското производство е 0.9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи опаѓање од 4.1 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 10.1 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи пораст кај Енергија за 17.5 %, Капитални производи за 7.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.3 %.