Индустриското производство во Русија и покрај сè расте

83

Обемот на индустриското производство во Русија е зголемен за 4,4 отсто од јануари до септември во однос на истиот период минатата година, објави руската државна служба за статистика – Росстат.

Во септември индустриското производство е зголемено за 3,2 отсто во однос на истиот период од претходната година, додека во однос на август неговиот раст е 1,1 отсто, пренесе ТАСС.

Извлекувањето на руда во Русија е намалено за 0,6% на годишно ниво во текот на деветте месеци, додека производството во преработувачката индустрија е зголемено за 7,9%.

„Росстат“ претходно објави дека на годишно ниво инфлацијата во Русија на 21 октомври изнесувала 8,44 отсто, покажуваат пресметките со помош на просечните дневни податоци за тековната и минатата година на слични датуми.

Истовремено, Министерството за економски развој објави дека годишната инфлација во Русија меѓу 15 и 21 октомври пораснала на 8,52 отсто од 8,51 отсто една недела порано.

На почетокот на септември споменатото министерство ја зголеми прогнозата за инфлацијата во Русија во текот на 2024 година од претходните 5,1 отсто на 7,3 отсто.