Компанијата Infinium Robotics, со седиште во Сингапур и САД, развива прототип на производ што во иднина ќе може да го замени персоналот за послужување во рестораните.
Овој роботизиран послужавник – Infinium serve, според креаторот на прототипот, е целосно автоматизиран и може со голема леснотија да се користи во рестораните и местата каде што се послужува храна и пијалоци.
Главните предности на Infinium serve, се брзината на испораката, заштедата на простор, лесно се прилагодува на големината и просторот во ресторанот, целосно е автоматизиран, ефикасен и безбеден.
Дали Infinium serve ќе биде целосна замена за келнерите или пак ќе им биде само голема помош и олеснување при извршување на редовните обврски ќе покаже времето.