Федералните резерви на САД (ФЕД) ја задржаа непроменета монетарната политика по дводневниот состанок, оставајќи ја каматната стапка на 0%, сигнализирајќи дека очекуваат двапати пораст на каматата до 2023-та година, пренесува Bloomberg.
Централната банка ја задржа референтната каматна стапка на непроменето ниво во распон од нула до 0,25%, како што беше донесена во март минатата година.
Експертите во ФЕД очекуваат инфлацијата оваа година да порасне за 3,4% и потоа да се намали на 2,2% во 2022-ра година.
Оваа стапка на инфлација што е највисока од 2008-ма година, може на Федералните резерви да им предизвика проблеми, дури и ако банкарите се уверени дека е од привремен карактер и ситуацијата би се стабилизирала до крајот на годината. Тие се загрижени бидејќи ако инфлацијата надмине 2%, тоа би можело да ги натера компаниите и потрошувачите да очекуваат поголема инфлација во иднина.
Фото: Pexels