Инфлацијата ќе се намали, но не толку брзо

52

Европскиот економски комесар Паоло Џентилони рече дека очекува забавување на инфлацијата на крајот на годината или на почетокот на следната година.

„Инфлацијата ќе се намали, но не толку брзо“, нагласи тој по средбата со австрискиот вице-канцелар Вернер Коглер и австрискиот министер за финансии Магнус Брунер.

Џентилони посочи дека се приближуваме до врвот на инфлацијата.

„Се соочуваме со ризици и пловиме во тешки води“, ја објасни тој моменталната состојба.

Но, посочува дека има и позитивни индикации и дека не треба да потпаѓаме под размислување дека се соочуваме со катастрофална рецесија. Тој посочи дека туризмот низ Европа добро се развива, дека стапката на невработеност во мај е на рекордно ниско ниво од 6,6 отсто во еврозоната и 6,1 отсто во ЕУ.

„Ова се најниските вредности од воведувањето на еврото. Имаме јавни инвестиции кои не се намалуваат. Сето тоа е добро од економски аспект“, нагласи тој, потсетувајќи дека за време на финансиската криза 2008/2009 година токму јавните инвестиции паднаа.