Инфлацијата во август достигна 9,1 отсто во земјите од еврозоната

44

Инфлацијата во европските земји кои го користат еврото достигна нов рекорд во август, од 9,1 отсто, поттикната од скокот на цените на енергијата предизвикан главно од руската војна во Украина, објави денеска Европската статистичка агенција Еуростат.

Годишната инфлација во 19-те земји од еврозоната во август порасна на 9,1 отсто, што е зголемување во однос на 8,9 отсто во јули, покажуваат најновите податоци објавени од Евростат.

Инфлацијата е на највисоко ниво од почетокот на податоците за еврото во 1997 година. Цените на енергијата скокнаа за 38,3 отсто, додека цените на храната пораснаа за 10,6 отсто.

Цените на стоките се зголемени за пет отсто, а на услугите за 3,8 отсто.