Инфлацијата во Бугарија во февруари порасна на четири отсто, што е највисока во последните 14 месеци

Годишната стапка на инфлација во Бугарија се искачи на четири отсто во февруари од 3,7 отсто во јануари и сега е највисока во последните 14 месеци, објави денеска Бугарскиот национален институт за статистика (НСИ).

Цените на храната и на безалкохолните пијалоци скокнаа од 4,4 отсто во јануари на 4,6 отсто на годишно ниво, како и цените на домувањето и комуналните услуги, од 5,1 отсто на 5,6 отсто.

Според информациите, цените во здравството го забрзале растот од 2,5 на 2,7 отсто, а во рекреацијата и културата од 5,3 на 6,1 отсто.