ОЕЦД ја намали прогнозата за глобален економски раст на 3,1 отсто во 2025 година и 3 отсто во 2026 година

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во ажурираната глобална економска перспектива објавена денеска, ја намали прогнозата за светскиот економски раст во 2025 година од 3,3 отсто на 3,1 отсто, како и прогнозата за следната година, од 3,3 отсто на три отсто.

„Неодамнешните показатели за активноста почнаа да укажуваат на омекнување на изгледите за глобалниот раст. Деловното расположение и расположението на потрошувачите ослабеа во некои земји. Инфлациските притисоци остануваат присутни во многу економии“, се вели во извештајот.

Извештајот за март е насловен „Управување низ неизвесноста“, а неговата насловна страница прикажува брод на разбранувано море.