Инфлацијата во еврозоната надмина четири проценти

37

Инфлацијата во еврозоната во октомври достигна 4,1 отсто на годишно ниво, достигнувајќи ново највисоко ниво во последните 13 години, покажуваат прелиминарните податоци на европската статистичка служба Евростат.

Ова е највисокото ниво на раст на потрошувачките цени во 19-члениот монетарен блок од јули 2008 година, според Ројтерс, и ги надминува прогнозите на економистите кои предвидуваа просечна стапка од 3,7 отсто.

Во септември годинава инфлацијата на годишно ниво во еврозоната изнесуваше 3,4 отсто. Порастот на инфлацијата најмногу се должи на растот на цените на енергенсите од 23 отсто на годишно ниво.