
Инфлацијата во еврозоната остана малку над целната вредност на Европската централна банка во април, а новото зголемување на цените на услугите ја задржа годишната стапка на 2,2 проценти.
Податоците објавени од Евростат покажаа дека цените се зголемиле за 0,6 проценти во однос на истиот месец, при што силната инфлација на услугите го компензира падот на цените на енергијата, што го отсликува падот на пазарите на нафта откако американскиот претседател Доналд Трамп ја започна својата офанзива на трговски царини, објави Политико.
Бројките се скромно разочарување, бидејќи аналитичарите очекуваа инфлацијата во еврозоната да забави на 2,1 процент, но веројатно нема да предизвикаат драматична промена во размислувањето, а во ЕЦБ постои цврст консензус дека се очекува инфлацијата да се врати на целта од два процента подоцна оваа година, според бриселскиот портал.