Инфлацијата во еврозоната падна трет месец по ред

37

Во јануари еврозоната забележа годишна инфлација од 8,5 отсто, откако во декември таа изнесуваше 9,2 отсто, покажува првата проценка на европската статистичка служба Евростат. Инфлацијата продолжи да се поттикнува од високите цени на енергијата и храната.
Така, инфлацијата во еврозоната падна трет месец по ред.

Цените на енергенсите во јануари се за 17,2 отсто повисоки од претходната година. Сепак, нивниот раст е малку забавен; лани во декември изнесуваше 25,5%, а во ноември 34,9%.

Сепак, растот на цените на храната, алкохолот и тутунот благо забрза. Во јануари тие беа за 14,1 отсто повисоки од јануари минатата година; во декември се зголемени за 13,8 отсто.

Неенергетските индустриски производи поскапеа за 6,9 отсто (6,4 отсто во декември), а услугите за 4,2 отсто (4,4 отсто во декември).

Од земјите кои го користат еврото и за кои Еуростат имаше податоци, највисока годишна инфлација во јануари забележаа Летонија (21,6 отсто), Естонија (18,8 отсто) и Литванија (18,4 отсто).

Од друга страна, најниска годишна стапка на инфлација е забележана во Шпанија и Луксембург, каде според првите проценки таа изнесува 5,8 отсто. Следува Малта со инфлација од 6,7 отсто.

Фото: Pixabay