
Годишната стапка на инфлација во Франција во февруари, според прелиминарните проценки, падна од јануарските 1,7 отсто на 0,8 отсто и сега е најниска во последните четири години, објави денеска Францускиот национален институт за статистика и економски истражувања (Insee).
Забавувањето на инфлацијата во голема мера се должи на движењето на цените на енергенсите, кои во февруари паднаа за 5,7 отсто, што претставува значителна разлика во однос на јануари, кога пораснаа за 2,7 отсто.
Падот на цената на електричната енергија доведе до нагло забавување на растот на цените во февруари, пренесува Le Figaro.











