Инфлацијата во Франција во пораст

52

Инфлацијата во Франција се зголеми во текот на јануари поради поскапувањето на енергенсите и поради тоа што властите укинаа одредени мерки со кои се ограничуваше поскапувањето на одредени производи, прелиминарните податоци на ЕУ.

Потрошувачките цени се зголемени за 0,4 отсто од декември, зголемувајќи ја годишната стапка на инфлација на седум отсто наспроти 6,7 отсто претходниот месец.

Стапката на инфлација се зголеми поради зголемените цени на енергенсите и откако властите ги откажаа субвенциите за гориво на крајот на годината.

Регулираната цена на гасот што ја одреди управата од почетокот на годинава се зголеми на 15 отсто, што предизвика дополнителен притисок врз цената на енергенсите. Се очекува во текот на февруари да се зголеми и регулираната цена на струјата на 15 проценти.

Повеќето аналитичари изразија очекување дека инфлацијата ќе се намали кога растот на цените на енергијата ќе се ублажи. Министерот за финансии Бруно ле Мер постојано навестува пад на инфлацијата во Франција од средината на оваа година.

Фото: Pixabay