Инфлацијата во Германија достигна рекордно ниво во август

73

Инфлацијата во Германија достигна рекордно ниво во август, по силното зголемување на цените во јули, и во моментов изнесува 3,9 проценти, објави Заводот за статистика.

Според првите пресметки, Германија не памети вака висока инфлација од декември 1993 година, кога беше нешто повисока, односно 4,3 проценти.

Инфлацијата беше стимулирана од неколкумесечниот скок на цените на енергијата.

Покрај тоа, инфлацијата е под влијание на повлекувањето на привременото намалување на ДДВ, што сега се „чувствува“.

Со цел да се поттикне потрошувачката, германската влада го намали ДДВ од 1 јули до 31 декември, а ефектите од враќањето на „старо“ сега се рефлектираат во инфлацијата.