Инфлацијата во Германија се намали во јануари, цените на храната благо пораснаа

Инфлацијата во Германија ослабе во јануари, со значително поблаг раст на цените на храната, покажа прелиминарната статистика во петокот.

Минатиот месец цените се повисоки за 2,3 отсто во однос на истиот месец лани, пресмета Дестатис, додавајќи дека во декември се зголемени за 2,6 отсто.

Месечната споредба покажува постојан пад на цените во јануари, 0,2 отсто, пренесува Мина.

Без храна и енергија, годишната стапка на инфлација во првиот месец од годинава изнесува 2,9 отсто, што е за 0,4 процентни поени пониска од декември.

Забавеното темпо на раст на цените во јануари се одразува пред сè на значително поблаг пораст на цените на храната, само 0,8 отсто во однос на почетокот на минатата година. Во декември порасна за два отсто.

Незначително поскапеа и останатите стоки, за 0,9 отсто. На крајот на минатата година цените во таа категорија производи се зголемени за 1,4 отсто. Цените на услугите најмногу пораснале на почетокот на годинава и тоа за четири отсто, приближно исто како и во декември. За 1,6 отсто паднаа и цените на енергијата во јануари.