Инфлацијата во Германија се намали

47

Инфлацијата во Германија се намали на 9,2 отсто во јануари од 9,6 отсто во декември, покажаа прелиминарните податоци објавени во четвртокот од германскиот завод за статистика. Истовремено, податоците покажуваат дека цените се зголемени за 0,5 отсто во однос на декември.

Аналитичарите анкетирани од Ројтерс очекуваа годишната инфлација да достигне 10 отсто во јануари. Европската статистичка агенција Еуростат ја објави јануарската инфлација во еврозоната, користејќи проценка само за Германија. Според овие статистики, германската инфлација во јануари е проценета на 8,5 отсто.

Како дел од редовниот процес, ревидиран е германскиот индекс на потрошувачки цени, а резултатите од јануари 2020 година наваму се уште се пресметуваат, објави Заводот за статистика.

Неприлагодени, националните податоци покажуваат дека инфлацијата пораснала за еден процент на месечно и 8,7 отсто на годишно ниво, пренесува Политико.

Германскиот економски институт ZEW процени дека прелиминарните податоци покажуваат дека инфлацијата во Германија го достигнала својот врв. Според мислењето на експертите на институтот, би било погрешно да се очекува дека Европската централна банка ќе го суспендира натамошното зголемување на каматните стапки, бидејќи целната инфлација од два отсто сè уште е далечна цел.

Фото: Pixabay