Инфлацијата во Германија забави на 2,2 отсто

Инфлацијата во март во Германија забави за 0,1 отсто во однос на претходниот месец, на 2,2 отсто на годишна основа, објави во понеделникот државниот завод за статистика Дестатис.
Инфлацијата и во јануари изнесува 2,3 отсто.

Стапката на раст на цените беше потисната од падот на цените на енергијата. Енергијата падна во просек за 2,8 отсто, по месечен пад од 1,8 отсто во претходните три месеци.

Од друга страна, храната и услугите повторно пораснаа над просекот, велат статистичарите.

Во однос на февруари лани, храната поскапела за 2,9 отсто, а услугите за 3,4 отсто, по годишната стапка од 3,8 отсто во февруари и четири отсто во јануари.

Инфлацијата во Германија забавува од почетокот на годината, по три последователни месеци раст на крајот на 2024. Во декември инфлацијата беше 2,4 отсто на годишна основа.

Повеќето економски институти предвидуваат дополнително забавување на растот на цените на мало. Европската централна банка се стреми да ја задржи инфлацијата на два проценти годишно.

Сепак, некои економисти предупредуваат дека финансискиот пакет, кој до 2030 година треба да испумпува стотици милијарди евра од заеми во реконструкција на инфраструктурата и одбраната, може да ја стимулира инфлацијата.

Особено без поширока реформа, огромната финансиска инјекција носи ризик од зголемен инфлациски притисок и зголемување на каматните стапки кои се закануваат да ги нарушат посакуваните импулси за раст, предупреди Институтот за германска економија.

Наспроти ова, директорот на Институтот за макроекономија и конјуктурни истражувања Себастијан Дулиен оцени дека зголемувањето на трошоците за инфраструктура и одбрана „не ја загрозува значително ценовната стабилност“.