Инфлацијата во Германија забавува, предизвикот со недостигот на работници останува

81

Инфлацијата во Германија ќе продолжи да се намалува и ќе падне на шест отсто оваа година, од 7,9 отсто лани, изјави министерот за економија Роберт Хабек во Бундестагот ден по објавувањето на годишниот извештај за состојбата на економијата.

Хабек рече дека клучот е да се прекине спиралата на пораст на цените на енергијата и да се намали основната инфлација.

Германската влада сега очекува кревок економски раст од 0,2 отсто оваа година во споредба со претходните прогнози за рецесија.ž

„Бројките што ги презентиравме вчера не се добри“, призна Хабек, но додаде дека тие се подобри од претходните стравови.

Како што истакна, Германија плаќа висока цена за последиците од војната во Украина и се соочува со се поголем проблем на недостиг на квалификувана работна сила.

Хабек повика на отворање на вратата за целосно вработување на повеќе жени, како и полесно вработување на имигрантите.