Инфлацијата во Грција се искачи на 2,8 проценти во јуни – највисока во последните девет месеци

Годишната стапка на инфлација во Грција се зголеми од 2,5 проценти во мај на 2,8 проценти во јуни, што е највисоко ниво за последните девет месеци, според податоците објавени денес од Грчкиот завод за статистика (ЕЛСТАТ).

Цените на становите во Грција се зголемија за 7,2 проценти на годишно ниво, услугите во хотелите, кафулињата и рестораните за 7,1 процент, како и во комуникацискиот сектор за 2,2 проценти и здравствената заштита за два проценти, што во сите споменати случаи претставува забрзување во споредба со претходниот месец.

Дополнително, цените на транспортот во Грција се намалија за 1,4 проценти на годишно ниво, со побавно темпо од падот од 2,8 проценти во мај.