
Според првите проценки на индексот на потрошувачки цени, во Хрватска во август годинава стапката на инфлација изнесувала 4,1 процент во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.
Истото важеше и во јули годинава во споредба со истиот месец минатата година, со што, како што се наведува, заврши тримесечниот тренд на забрзување на инфлацијата на годишно ниво, додека податоците на Евростат покажуваат дека инфлацијата во Хрватска во август била меѓу највисоките во еврозоната.
Конечните податоци ќе бидат објавени на 15 септември.











